Сончево и многу топло, од среда пад на температурите

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен југозападен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачат од 30 до 41 Целзиусов степен.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се движат од минимални 20 до максимални 41 степен.
Според УХМР, денеска и утре ќе се задржи сончевото и многу топло време со температури и над 40 степени, а од среда ќе има значителен пад на температурите поради продор на посвежа воздушна маса од север.