ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време со натпросечни температури

Подрачјето на Македонија и денеска ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со мала локална облачност и многу топло.

Advertisements

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 9.

Максималните дневни температури ќе се движат од 30 степени на повисоките места во западните области на земјата, до 40 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 40 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button