ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево и потопло со мала локална облачност

Сончево и потопло со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.

Advertisements

Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста.

Потоа, преку денот ќе започнат врнежи од дожд, повремено поројни проследени со засилен северен ветер и појава на грмежи, а температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во однос на претходниот ден

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button