ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Advertisements

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button