ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.