
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.