Сончево и топло со температури до 40 степени – попладне услови за невреме со дожд и град

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22 степени, а максималната од 32 до 40 степени“, се вели во прогнозата на УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
„Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната до 39 степени“, информираат синоптичарите.
За време на викендот ќе има опаѓање на дневните температури за 5 до 7 степени во споредба со оние неделава.
Од следната недела повторно ќе има пораст на температурите.