ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, температурата до 36 степени

Сончево и топло, температурата до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, а УВ индексот осум, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

-Од средината на следната седмица нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов топол бран и времето ќе биде стабилно и многу топло, најави УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button