ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура.