ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сончево со мала облачност и ветер, попладне дожд
Сончево со мала облачност и ветер, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.