ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево со слаб ветер, попладне пороен дожд и грмежи

Сончево со слаб ветер, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Advertisements

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд.

Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се намалат. Во понеделник ќе биде ветровито со засилен северозападен ветер и ќе започне период на постабилно време.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 23 до 32 степена.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button