ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СОНК: Ја поздравуваме заложбата на министерот за изнаоѓање средства за вработените во образованието

СОНК ја поздравува заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, по изјавата на министерот Јетон Шаќири дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот.

Advertisements

– Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави СОНК и неговиот лидер Јаким Неделков на Фејсбук.

Министерот за образование и наука изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, кои  предизвикуваат фискални импликации, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button