ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СОНК ја запознал Европската конфедерација на синдикатите за образование за причините на штрајкот

СОНК ја запознал Европската конфедерација на синдикатите за образование за причините на штрајкот

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска имал работна средба со Сузан Флокен, претседателка на Европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE), на која ја информиал  за причините и  подготовката за организирање на штрајкот во градинките, основното и средното образование најавен за понеделник.

Advertisements

-Г-ѓа Флокен во името на ETUCE дава силна поддршка на СОНК и верува во издржаните барања до конечен успех. Подвлече дека будно ќе ги следат случувањата и извештаите од штрајкот на СОНК особено ако има обиди за попречување на правото на штрајк, што е регулирано со меѓународните конвенции и препораките на Меѓународната организација на трудот, објави Неделков на Фејсбук.

Генералниот штрајк во училиштата и градинките СОНК ќе го организира од 11 април бидејќи не е исполнето нивното барање за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.

СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

Преговори меѓу СОНК и Владата имаше минатиот вторник и овој понеделник но завршија без договор.

Неделков по завчерашната средба, која се одржа во Министетството за финансии, изјави дека нема краткорочно решение со кое, како што рече, „сега и веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапува Синдикатот“.

-За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса и морам да кажам дека излегуваме разочарани што нема што да пренесеме во јавноста и до членството. Очигледно, несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април, кој може да има многу сериозни последици за сите, изјави Неделков по средбата во понеделникот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button