ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СОНК: Најголеми притисоци против штрајкот, во градинките

Синдикатот е задоволен од реализацијата на генералниот штрајк уште првиот ден. Првиот човек Јаким Неделков соопшти дека во штрајкот се вклучени сите градинки, основни и средни училишта, со мали исклучоци во некои градинки каде, како што рече, директорите се обиделе да го прекинат штрајкот и да ги вратат вработените на работните активности. Штрајкот ќе биде активен сè додека не се исполнат барањата на СОНК.

Advertisements

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека го почитува синдикалното право на штрајк, но според него, генералниот штрајк треба да биде последниот чекор за решавање на прашањето за платите.

„На крајот оние кои страдаат во овие моменти се учениците. Барам во следниот период, денеска, утре, среда повторно да разговараме со СОНК за да се дојде до конечно решение. Ќе бидеме во комуникација, прво ќе треба да решиме да го прекинеме штрајкот, тогаш директорите на училиштата знаат со кои наставници учениците губеле, знаат кои часови се изгубени и најдобро ќе се справат со нив“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, штрајк има во 54, а во 21 не. Според министерството, општата состојба на терен потврдува дека институциите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и вршат згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и обезбедуваат непречено одвивање на дејноста во остварувањето на правото на штрајк. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button