ВЕСТИРЕГИОН

Сообраќајна несреќа на автопатот кон Хоргош, загина македонски државјанин

Еден македонски државјанин го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, додека друг е тешко повреден, потврдија од Полициската управа на Суботица за РТС.

Advertisements

Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица Суботица, а потоа се превртело.

Во несреќата загинал сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица, каде што ја прима потребната медицинска помош.

Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица биле на местото на настанот.

Суботичката полиција наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button