ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајните правила секоја минута се прекршуваат

Сообраќајните правила секоја минута се прекршуваат

Само за неколку минути на раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“, нашата камера сними повеќе од 5 прекршоци на сообраќајните правила.

Advertisements

Да беа функционални камерите што се поставени токму на оваа раскрсница, за овие прекршоци, возачите на нивните домашни адреси ќе добијат казни со видео докази од камерите што се наоѓаат на оваа раскрсница. Некои возачи сметаат дека со работа на камерите повеќе ќе се почитуваат сообраќајните правила, а други сметаат дека правилото „Повикај пријател да ја отстрани казната“ ќе продолжи и натаму.

Со новите камери за надзор кои сега се поставени на раскрсници со подобра резолуција точно ќе се утврдува регистрацијата на возилото. На овој начин полицијата побрзо и поефикасно ќе ги санкционира сите кои ја нарушуваат безбедноста. Вакви камери освен во главниот град ќе има во сите поголеми градови како и на автопатиштата. Вакви безбедносни камери има насекаде во регионот, странските државјани казните ги плаќаат на границите за излез од државата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button