ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајниците околу Соборниот храм утре затворени од 10.30 часот поради празнување на Бадник

Сообраќајниците околу Соборниот храм утре затворени од 10.30 часот поради празнување на Бадник

Сообраќајниците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје утре од 10.30 часот ќе бидат затворени поради  настан со кој ќе се одбележи празникот Бадник.

Advertisements

МВР соопшти дека посебниот сообраќаен режим во тој дел од градот ќе важи до завршување на настанот пред храмот.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button