ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајот се одвува по влажни коловози, снег паѓа на Попова Шапка

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, информираат од АМСМ.

Advertisements

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button