МАКЕДОНИЈА

„Сопот“, осудените кои се во бегство, за своето обештетување барат договор со министерот за правда

Осудените во случајот Сопот кои се во бегство, бараат директен договор за обештетување со министерот за правда Бојан Маричиќ. Нивното барање следи по одбивањето на барање за обештетување од Владата, со посредништво на Државниот правобранител за постапката да не се одолговлекува во Граѓанскиот суд. Во петокот, адвокатот на одбраната, Вулнет Пачуку, го достави барањето за договор до Министерството, од каде што очекува позитивен одговор.

„Државјаните Селман Јахији, Башким Укшини, Африм Укшини и Муса Клаиќи бараат од Северна Македонија надомест на материјална штета поради повреда на личноста, честа, слободите и правата, за предизвиканиот страв и неоснована казна, во вредност од осум милиони денари во рок од 15 дена од денот на постигнување на договорот“, се наведува во барањето.

Од Министерството за правда велат дека барањето е добиено и дека во моментов се разгледуваат понатамошните постапувања.

„Барањето за договор е добиено. Работиме на разгледување и градење стратегија за тоа како да и пристапиме. Јавноста ќе биде известено на време за одлуката на министерот“, велат од Министерството за правда.

Во случај да се постигне договор помеѓу поранешните осуденици и министерот Маричиќ, истиот треба да и биде предаден на Владата со цел да се отвори пат за спроведување за исплата на надоместокот. На 7 март 2019 година, Владата обештети шест поранешни осуденици во случајот Сопот со 73 милиони денари. Во оваа група беа лицата кои издржуваа затворски казни за кривично дело тероризам.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button