ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сопругата на шефот на обвинителството избрана за обвинител

Синови, ќерки, внуци и сопруги на функционери на ДУИ, ќе бидат идни судии и обвинители на Северна Македонија. Меѓу многуте кандидати и во време кога судството се соочува со остри критики, списокот на нови судии и обвинители е исполнет со партиски бои. Покрај извршната и законодавната власт, Демократската унија за интеграција на своите семејства, дури и до 4-та генерација, им обезбедува места во судската власт.

Advertisements

Од 58 кандидати, на списокот на Академијата за судии и јавни обвинители 42-ри беше синот на претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, Барлет Џафери како иден обвинител.

Внукот на поранешниот член на ДИК од редовите на ДУИ и судија во Управниот суд, Субхи Јакупи, Илир Јакупи е 37-ми на листата за обвинители.

Пајтим Машкули, синот на советникот на ДУИ и поранешен претседател на Советот на општина Дебар, Башким Машкули, ќе ја извршува функцијата судија во еден од судовите во земјава.

Покрај за сопруга, првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал Ислам Абази, Албулена Абази сега ќе ја има и за колешка бидејќи е на списокот за обвинители. Абази се фотографираше со функционери и поранешни функционери на ДУИ, а начинот на кој беше избран наиде на критики од меѓународните институции.

Покрај ДУИ, „носот“ во судството очигледно го пика и СДСМ, додека поранешните судии и обвинители им ги отстапуваат местата на своите деца. Сопругата на синот на генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, Билјана Иванова се најде на списокот за судија. На списокот се најде и сопругата на градоначалникот на Аеродром од ВМРО, Тимчо Муцунски, Симона Муцунски.

Дури и Јетмир Беџети, синот на судијата во Апелациониот суд, Енвер Беџети, за кој се утврди дека ги чувал предметите против поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, ќе биде еден од идните обвинители на државата.

Според експертот и поранешен прв човек на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска, државата станува генератор на корупција.

Во меѓувреме, довербата во судството секоја година се намалува и во моментов само 4 отсто од граѓаните целосно му веруваат.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button