ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сопственикот на „Доказ“ осуден на три години затвор

Сопственикот на веб-порталот „ДоказМ“ Марјан Стаменковски е осуден на три години и еден месец затвор и парична казна од 5.000 евра за сторени повеќе кривични дела. Нему му е забрането да прави публикации на која било веб-страница регистрирана како негова во следните десет години. Стаменковски се товари за ширење расистички и ксенофобичен материјал, како и за уцена, аудио-визуелна пиратерија и злоупотреба на лични податоци.

Advertisements

Според информациите што ги поседува АЛСАТ, Стаменковски во извршувањето на некои од овие кривични дела соработувал со најмалку двајца вработени во Обвинителството во Скопје, за што повеќе информации за тоа се очекуваат да се обелоденат наредните денови.

Судењето за Марјан Стаменковски започна на 7 март, но далеку од очите на јавноста бидејќи обвинителката Зорица Павловиќ предложи изземање на јавноста зашто се работи за кривично дело против моралот и заштитата на приватниот живот, поточно има информации кои се реферираат и на интимниот живот на оштетените.

Инаку, на денот на апсењето на Стаменковски во февруари, покрај други средства, пронајдена е и поголема сума пари. Тој беше обвинет од свештеници, новинари, истражители од МВР и една телевизија.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button