ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сопственици на ресторани чекаат препораки од Владата


Угостителите сеуште немаат добиено протокол по кој ќе треба работат за да примаат гости и во внатрешниот дел на кафеаните и рестораните. Со оваа владина одлука од петок се очекува целосно отварање на угостителските објекти но под посебен „Ковид“ протокол.Угостителите велат дека ќе ги почитуваат сите протоколи кои ќе бидат донесени, иако оваа одлука чекале да биде донесена порано.

„Очекуваме дека полека ќе почнеме да се враќаме во нормала, значи согласно мерките за дистанца се е дезинфицирано, на секоја маса имаме средство за дезинфекција, чистиме како и до сега. Мерките согласно Владата и стручните лица ќе ги почитуваме. Здравјето пред се за нас, и за сите треба да ни биде приоритет“, вели еден угостител.

Според третата фаза за работа на угостителските објекти се дозволува работа во целиот објект но под посебни мерки. Задолжително е бројот на гости да биде ограничен а за тоа треба да се одреди одговорно лице. На секоја маса треба да има средство за децинфекција, и да се спроведуваат задолжителни санитарни мерки со секојдневна дезинфекција. Во внатрешноста на просторот треба да се има поставено маси со обезбеден простот од 9,6 м2 за една маса со 4 столови.

Андреа Чобанова

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button