ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сопственици на ресторани и музички бендови утре на ПРОТЕСТ! МВР најави посебен сообраќањен режим

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во деновите 19.02.(петок), 22.02.(понеделник) и 23.02.2021(вторник) во временскиот период од 14,00 до 17,00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови. Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Advertisements

Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button