
Стоапнска комора на трговци на големо и мало побара итна средба со Владата по најавата за маржа од 10 отсто за околу 100 групи прехранбени и непрехранбени производи. Од Комората оценуваат дека со оваа одлука ќе се доведе во прашање опстанокот на компаниите и тие ќе бидат принудени да отпуштаат работници, да ја преструктуираат работата, а може да доведе и до затворање на маркетите. Оваа комора ја повика Владата да го најде вистинскиот виновник, а тоа според нив се дистрибутерите и производителите и мерките да бидат насочени кон нив, а не кон маркетите.
Трговска комора:
„Штетите ќе бидат огромни, бидејќи е доведен во прашање опстанокот на 86 комерцијални компании, со 790 продавници и 4.700 вработени. Нашиот опстанок е оптоварен и со други покачувања, како што е цената на струјата од јануари 2024 до јануари 2025 година зголемена за 72%, за дистрибуција 25%. Платите во 2024 година во однос на 2023 година се зголемени за 20%, а од март ќе има уште едно зголемување, а трошоците за плати се движат од 12 до 15%. Со 10% бруто маржа не можеме да ги покриеме оперативните трошоци кои се околу 15-20%.
Ниту СДСМ не ја поддржува маржата. Лидерот на оваа партија Венко Филипче смета дека мерката е задоцнета и нема да има ефект.
СДСМ презентираше пакет економски мерки, од кои најголем дел се однесуваат на маркетите. СДСМ предлага ДДВ за струја да се намали од 18 на 5%. Да се намали ДДВ за прехранбените производи, како и замрзнување на маржите. Замрзнување на цените на некои производи за период од три месеци. Спроведување на законот за нелојална трговија. Намалување на цената на зелените картони за автомобилите, како и зголемување на платите во приватниот сектор, но без зголемување на придонесите.
Зекирија Хаџиу