Сопствениците на ресторани бараат протоколи за работа внатре просториите

Неизготвувањето на протоколи за организирање свадби во рестораните предизвика револт кај сопствениците на угостителските објекти во Западна Македонија. Тие се жалат дека нивните загуби се огромни. 90 проценти од рестораните немаат тераси и според нив можат да не ја преживеат сезоната.Фитим Таири, од здружението ХУРЕКА, вели дека ниту состаноците со официјални лица ниту протестите не дале резултати.
Се бориме за право на работа една и пол година, затоа мора да ни се обезбедат минимални услови и минимален протокол за да имаме право да започнеме со работа. Ние сме многу локали, а повеќето немаат тераси, нашето конкретно барање е што е можно побрзо да се изготви протокол за работа во затворени простории. Секогаш имаме состаноци, но не сме успеале, затоа секогаш сме биле игнорирани од институциите – изјави Фитим Таири- здружение на хотелиери „ХУРЕКА“.
Сопствениците на свадби велат дека, доколку Владата продолжи со овој молк, илјадници работници ќе бидат отпуштени.
Апелираме да се преземат активности што е можно побрзо затоа што илјадници работници ќе останат без работа ако ова продолжи. Немаме услови, 90 проценти немаат услови за отворени простори. Апелираме до Владата да преземе мерки што е можно поскоро – рече Насер Хавзија- сопственик на ресторан.
Инаку, во Полог има повеќе од 70 ресторани за свадби каде се ангажирани над 2000 редовни работници и значителен број сезонски работници, кои ризикуваат да бидат отпуштени. Минатиот месец, не можејќи да организираат свадби во затворено, повеќето гости претпочитаат да ги организираат семејните прослави во Косово и Албанија.
Башким Сулејмани