ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН
Состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ за Западен Балкан и Украина

Министрите за надворешни работи на Европската унија на денешниот состанок, како што е најавено, ќе ги разгледаат најновите случувања со руската агресија врз Украина и ќе одржат неформална размена на оваа тема со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Министрите треба да направат и преглед на санкциите преземени од Европската унија против Русија како одговор на војната во Украина.
Тие попрецизно ќе се осврнат врз индивидуалните и економските санкции, како и ограничувањата на медиумите и неопходните дипломатски мерки. Министрите ќе имаат размена на мислења за Западен Балкан, а за време на ручекот неформално ќе разменат мислења со министрите за надворешни работи на Западен Балкан.