
На денешниот четврти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово ќе се разговара за политичките и економските критериуми, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и за ситуацијата на Западен Балкан.
Со Советот претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, а ќе присуствува и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. Тој денеска ќе учествува и на Годишниот самит на ЕУ – Западен Балкан во организација на Пријателите на Европа.