ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Состанок во Влада, договор за платите не е постигнат

Синдикатите денеска одржаа протест пред Стопанската комора и поставија ултиматум дека доколку не се зголеми минималната плата за 18.000 денари, ќе излезат на генерален штрајк.
Но, пред неколку минути се одржа средба на синдикатот и работодавачите со Владата на која не беше постигнат договор.
„Работодавачите не се откажуваат од својата позиција. Тие инсистираат сами да си помогнат, а ние наоѓаме кој каде може. Ја охрабруваме Владата за ова, бидејќи гледаме дека е на наша страна, врз основа на оваа анализа што ја направија, да застане зад нас работниците и да ни даде што бараме“, беше речено по средбата.