Состојбата со новите згради е полоша од таа на старите кога станува збор за стандардите на градба
Состојбата со новите згради е полоша од таа на старите кога станува збор за стандардите на градба

Експертите по градежништво и заштита од пожари алармираат дека околу 80
отсто од зградите во земјава не се изградени во согласност со стандардите.
Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека и покрај развојот на
технологијата и знаењето, поради големата желба за што поголема добивка,
новите згради се во полоша состојба од останатите. Тој додава дека низ
институциите на системот поминуваат многу чудни проекти кои ги загрозуваат
граѓаните.
Сопственикот на компанија која се занимава со набавка и монтажа на опрема за
заштита од пожари вели дека на терен гледа бројни неправилности, при што
нагласува дека има многу случаи кога еден ист проектантски документ за еден
објект се користи за уште четири други објекти..
По трагедијата во Кочани, каде што како последица од пожарот што зафати една
дискотека загинаа 59 лица, а стотици други беа повредени, институциите започнаа
засилени контроли во сите објекти, при што наидоа на бројни неправилности./Алсат.мк
Ајнур Бафќари