ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Состојбата со вирусот корона главна тема на состанокот на Советот за безбедност

Советот за национална безбедност денеска разговараше и за состојбата со вирусот корона. Претседателот Стево Пендаровски рече дека ситуацијата е сериозна и ги повика граѓаните целосно да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19. Претседателот побара ситуацијата со вирусот да не се користи за политички поени. Пендаровски рече дека не е разговарано за можно прогласување вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на заразени лица.

Advertisements

И покрај ситуацијата, како што рекоа е сериозна, министерот Филипче се обиде да не предизвикува паника кај граѓаните, велејќи дека секој што ќе има потреба од медицинска помош, ќе ја добие.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е заболен од КОВИД  е префрлен на Инфективната клиника. Министерот Филипче рече дека неговата состојба е стабилна со покачена температура.

Во однос на новите случаи на заболени, министерот за здравство рече дека станува збор за локална трансмисија на вирусот и тие не се поврзани со граѓани од соседните земји, па поради тоа не се разгледува повторно затворање на границите.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button