

Алсат
20.05.2020 08:20
Не постои храна која има нула калории, меѓутоа така се вели за сите намирници кои имаат многу малку калории, така што енергијата која ќе потрошите во текот на денот ја уништува нивната калориска вредност.
Еве кои намирници влегуваат во таа категорија:
Целер
После јадење на целер, добивате чувство дека ништо не сте јаделе, затoа не треба да ве изненадува што влегува во намирниците кои имаат нула калории.
Портокал
Ова овошје е богато со витамин Ц, а во споредба со другите овошја, содржи многу малку калории – 47 на 100 грама.
Зелка
Стручњаците тврдат дека свежата зелка помага во превенција од рак и срцеви болести, а со оглед на тоа дека има само 25 калории на 100 грама, ќе ви помогне брзо да ги загибите килограмите кои би ви пречеле на здравјето.
Краставица
Краставицата содржи многу вода. Ако изедете 100 грама од овој зеленчук, тогаш ќе внесете само 16 калории.
Лимон
Лимонот во себе содржи многу витамини, а на 100 грама лимон има само 29 калории.