ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
„Социетас Цивилис“: Владеењето на правото во земјава има многу простор за подобрување

Македонија е на дното на листата во однос на владеењето на правото и подготвеноста за подобрување на неговите аспекти, поксжува последното истражување на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Според него, политиката не е ниту посветена на движење напред, ниту на враќање назад.
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, меѓу другото, ги испита главните фактори што придонесуваат за одржливоста на владеењето на правото во земјите-кандидатки на ЕУ и влијанието на процесот на пристапување во ЕУ.
На состанокот на Институтот за демократија, во соработка со Институтот за европска политика од Берлин, учествуваа експерти од академските кругови, граѓанското општество и политичките институции.
Авни Тахири