ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го одржа 30-от конгрес на партијата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го одржа 30-от конгрес на партијата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го одржа 30-от конгрес на партијата. За заменик претседател на партијата е избрана Фани Каранфилова Пановска, која беше избрана на предлог на претседателот Венко Филипче, а доаѓа на местото на актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз.

Advertisements

Каранфилова – Пановска долги години е активна во граѓанскиот сектор, а беше и директорка на Фондацијата Отворено општество-Македонија.

На Конгресот беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, што го сочинуваат 113 лица. Централниот одбор треба да избере и нов Извршен одбор, по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар и двајца организациски секретари.

Филипче на почетокот ја претстави новата програма и во обраќањето пред членството призна за грешките што довеле до лошите изборни резултати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button