ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Социо-економскиот совет денес немаше кворум за донесување нови одлуки за разгледување на потрошувачката кошница

Социо-економскиот совет денес немаше кворум за донесување нови одлуки за разгледување на потрошувачката кошница

Социо-економскиот совет денес немаше кворум за донесување нови одлуки за разгледување на потрошувачката кошница. Мандатот на еден синдикат завршил и не било можно да се донесе одлука, но состанокот беше одржан само за да се слушнат нивните барања и барањата на работодавците. Формирана е комисија од девет члена, составена од тројца претставници на владата, синдикатите и работодавците. Оаа комисија ќе избере претставници со право на глас во Социоекономскиот совет кој се состои од 12 членови, секој сектор од 4 члена.
На средбата не се постигна договор за потрошувачката кошница или минималната плата. За Министерството за економија, погрешен е начинот на пресметка на потрошувачката кошница, бидејќи содржи сезонски производи кои не се консумираат во некои периоди. Потоа другата забелешка е превозот на студентите, кој е бесплатен.

Advertisements

“Побарано е да имаме две пресметки, да имаме две кошници на потрошувачи. На синдикатите и Заводоот за статистика или Министерството за економија и труд, но ова не го прифатив, бидејќи треба да имаме само една кошница на потрошувачи во која сите страни ќе бидат вклучени. Ќе биде неутрален и реален”, рече Бесар Дурмиши– Министер за економија.

Додека се очекува да се процени колку ќе биде зголемувањето на минималната плата во март, синдикатите побараа на зголемување на минималната плата на 450 евра. Ова не е проблем за владата, но мора да се постигне договор помеѓу работодавците и синдикатите. Како што изјави министерот за економија Бесар Дурмиши, ова е процес кој одзима време.

“Тие сакаат да одлучиме ад-хо да донесеме одлука за зголемување на минималната плата на 450 евра. Им велиме дека врз основа на методологијата која тие самите ја потпишале, ќе ги погледнеме пресметките во март и ќе излеземе да ја информираме пошироката јавност како и нив за тоа каква ќе биде минималната плата. Ако го прифатиме нивното барање за наметнување на таква ад хок минимална плата, ќе мораме да ја започнеме иницијативата за промена на методологијата. Нека законот се промени за пресметување на минималната плата и да стигнеме до она што тие го бараат”, додаде Бесар Дурмиши– Министер за економија.

Според сегашната методологија, бруто минималната плата за март секоја година се усогласеува со 50% од просечниот раст на нето платите за изминатата година, и 50% од растот на индексот на трошоци за претходната година. Според оваа методологија, во март минатата година минималната плата се зголемила за 12,1% и во моментот е 22.567 денари./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button