ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Социолози: Училиштата не само да пренесуваат информации, туку да формираат здрави индивидуи

Социолози: Училиштата не само да пренесуваат информации, туку да формираат здрави индивидуи

Последователните кризи во последните години истакнаа голем број проблеми во општеството, вклучувајќи го и девијантното однесување на децата и тинејџерите. Социолог Али Пајазити оценува дека се соочуваме со светска криза кога станува збор за образованието и подготовката на новите генерации, затоа е неопходно да се реорганизираат училиштата. Пајазити појаснува дека училиштата не треба да бидат само институција за пренесување информации, туку треба да формираат здрави индивидуи.

Advertisements

„ Само образованието не е доволно затоа што ова е слично на компјутерските технологии или процесот на „send-to“, но неопходно е, почнувајќи од градинка до највисоките нивоа на образование, па се до универзитетското ниво, детето да се образува прво, да се учи на вредности, се збогатува со позитивни, конструктивни општествени вредности за да стане човек во целосна смисла на зборот“, рече Али Пајазити, социолог.

Лиридон Бафтиу, директор на Центарот за социјална работа, предлага социјалните работници да бидат ангажирани во основните и средните училишта.

„Многу е важно социјалниот работник да има основа да пристапи кон секој проблем што ќе се појави на училиште со децата. Мислам дека тука најмногу ќе придобие останатиот персонал во училиштето, наставниците и воспитувачите бидејќи ќе знаат дека за секој случај што ќе биде пријавен кај социјалниот работник, предметот или информацијата ќе се пренесе во социјалниот центар“, додаде Лиридон Бафтиу, Центар за социјална работа.

Во Центарот за социјална работа, неофицијално, во 2022 година се евидентирани 614 случаи на деца со ризик и непочитување на законот. Исто така, во текот на оваа година отворени се 6 предмети за стекнување родителско право, за кои продолжуваат соодветните постапки./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button