Советниците Алабнци, контра предлогот да се вратат старите имиња на улиците

Барањето за враќање на старите имиња на 38 улици во општина Бутел, ги судри градоначалникот на оваа општина со советниците Албанци. Советниците бараат од Дарко Костовски, да се откаже од оваа иницијатива и да го повлече овој предлог, кој според нив, е антиалбански. Тие истакнуваат дека од 38 улици на листата, 20 улици ги носат имињата на истакнати личности од албанската уметност и култура.
“Барањето на градоначалникот на Бутел за враќање на старите имиња во општина Бутел, сосема јасно дека е направено од антиалбански мотиви, како што може да се види од неговото барање, 90 проценти од имињата што предлага да се вратат на старите имиња се имиња на личности од албанската историја. Оваа албанофобија веќе не е само политички проблем, туку очигледно стана и дијагноза…Нека знае дека наметнувањето не поминува, ако продолжи со главата во ѕид, наскоро може да си го скрши вратот“, рече Самир Исени, советник во Општина Бутел.
“Ќе предложиме да се повлече оваа иницијатива, бидејќи оваа иницијатива е антиалбанска, нема да ја дозволиме…“, рече Сеад Аслани, советник во Општина Бутел.
Градоначалникот на Бутел вели дека иницијативата е граѓанска, бидејќи голем број граѓани се пожалиле на дополнителни трошоци по промената на имињата што се случија во 2019 година. Тој негира дека оваа иницијатива е формирана врз основа на националистички мотиви.
Имињата на улиците за кои станува збор беа променети од Град Скопје во 2019 година, предводен од градоначалникот на СДСМ Петар Шилегов. Станува збор за познати имиња како Омер Калеши, Адем Кастрати, Сурија Имами и Агрон Бериша.
Ајнур Бафќари