Советот на амбасадори – Повеќето од идните амбасадори неквалитетни и блиски до политичките партии

Изборот на 16 амбасадори не помина без критики. Советот на амбасадори смета дека со некои исклучоци, Владата продолжува со старата практика и предлага амбасадори „под просекот“. Според нив, кандидатите се директно или индиректно поврзани со политички партии и нивниот квалитет не е земен в предвид. Од Министерството за надворешни работи, како официјални предлагачи на кандидатите за амбасадори, досега, ги немаат коментирано оценките на Советот на амбасадори.
ВМРО-ДПМНЕ исто така смета дека можеле да бидат номинирани многу подобри кандидати.
Парламентарното мнозинство е задоволно од презентирањето на програмите на идните амбасадори пред Комисијата за надворешни работи во Собранието.
Нов амбасадор во Данска е Фатон Бејта, во НАТО – Дане Талески, во Катар – Шабан Јашари, во Женева – Теута Агаи Демјаха, во Албанија – Данчо Марковски, во Казахстан – Сали Лимани, на Косово – Шпреса Јусуфи и во Ватикан – Марија Ефремова. Осум други ќе ја претстават својата платформа пред пратениците следната недела.
Македонија сè уште нема амбасадори во САД, Русија, Обединетите нации и многу други важни европски земји.
Фатлуме Дервиши