ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот на ЕУ ја покани земјава да ги подготви Патоказите за отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“

Советот на постојани претставници на ЕУ го усвои Писмото со кое се упатува покана до земјава да ги подготви Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање преговорите по Кластерот 1- „Фундаментални вредности“.

Advertisements

Како што јави дописникот на МИА одлуката е донесена на вчерашното заседание на Советот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ – КОРЕПЕР 2, што го сочинуваат шефовите на мисиите и кој главно се занимава со политички, финансиски и прашања поврзани со надворешната политика.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button