Советот на Европа известува за значително повеќе напади врз новинари

Физичките напади врз новинарите значително се зголемуваат, особено во Украина и Грузија, се наведува во извештајот на Советот на Европа објавен денеска (5 март). Извештајот на највисокото тело за заштита на човековите права во Европа покажува дека бројот на напади во Европа се зголемил од 26 на 78 минатата година.
Во Украина биле пријавени 19 напади – главно поврзани со целосната инвазија на Русија.
Следуваат Грузија, Србија и Турција со по осум напади на новинари.
Според извештајот, ситуацијата за претставниците на печатот во Грузија се влошила подрастично отколку во која било друга земја-членка на ЕУ. Како и во повеќето случаи, нападите таму се случиле за време на демонстрации.
Во Грузија неколкупати се одржаа масовни протести поради контроверзните закони и спорови околу позицијата на земјата кон Европската Унија. Сепак, во извештајот се наведува дека слободата на печатот не е само под притисок на насилството.