Советот на Град Скопје не ги донесе Одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси

Советот на Град Скопје на денешната седница не ја донесе Одлуката за давање согласност за склучување на договор за имплементација на проектот воведување на Брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. „За“ одлуката гласаа 14 советници, четири “против“ и двајца воздржани. Против оваа одлука гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, од Зелен хуман град и Левица.
БРТ системот, кој беше проект на претходниот градоначалник Петре Шилегов е едно од решенијата за намалување на сообраќајниот хаос во главниот град, а ова е трета година како не се спроведува и се плаќаат пенали. Парите за БРТ стојат, а од државниот буџет се плаќаат пенали – по 350 илјади евра годишно камата на ЕБОР, бидејќи кредитот во висина од 70 милиони евра е земен, но проектот не се реализира.