ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

Советот на јавни обвинители донесе одлука со која го потврди решението за оддалечување од функцијата на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, донесено од страна на Републичкиот јавен обвинител. Жалбата на Хајрулахи е одбиена како неоснована.
Советот денеска ја донесе одлуката со седум гласа „за“, и еден „против“ по расправата од која јавноста беше исклучена поради заштита на интегритет на обвинителот.
– Се потврдува одлуката со која вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, се оддалечува од функцијата вршење јавен обвинител за време додека трае кривичната постапка. Да се потврди решението, а жалбата да се одбие како неоснована, рече претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриевска.