ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители не одлучуваше за барањето за смена на Коцевски

Советот на јавни обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Причина за одложувањето според претседателката на советот е немањето кворум за седница – односно отсуство на тројца обвинители поради здравствени и семејни причини.  Одложувањето на седницата Димитриевска вели не се должи на вчерашната најава на премиерот дека постапката за разрешување на Коцевски ќе биде запрена, бидејќи до нив, не бил пристигнат никаков допис за постапката да биде ставена во мирување. Од Влада денеска објаснија дека запирањето на постапката за разрешување на Коцевски ќе се случи откако до нив ќе пристигне одговорот од советот.

Advertisements

„Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекинеме постапката се однесува на делот што Владата потоа, по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието, во овој контекст сакам да појаснам дека владата и доколку добие мислење од страна на советот за јавни обвинители, ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати во Собрание, чисто да немаме нејаснотии околу ова, а се разбира советот на јавни обвинители согласно роковите кои ги има, ќе постапува“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно законските рокови, Советот на јавни обвинители до 3 април треба да изготви мислење за предлогот за смена на Коцевски, откако ќе ги разгледа барањето за смена и одговорот што до нив го доставил Коцевски. Законот за јавно обвинителство му дава и дополнителен рок на Советот од 15 дена, да се изјасни..

Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата – пишува во Законот за јавно обвинителство. Вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека постапката за разрешување на Коцевски која ја иницираше самата влада се запира. Како причина за ова премиерот ја наведе истрагата за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, која треба да биде главен приоритет во овие моменти.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button