ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот на општина Тетово го изгласа буџетот за 2022 година

Советот на општина Тетово го изгласа буџетот за 2022 година. Првиот човек на општината, буџетот кој е 27 милиони евра, го опиша како кризен буџет, но кој овозможува нормално функционирање на општината, со одредени капитални инвестиции. Во текот на 2022 година, кога се очекува да се случи првиот ребаланс на буџетот, ќе се предвидат идеите и барањата на граѓаните. Поради долг на општина Тетово, од 24 милиони евра, сметката на општината е блокирана од вкупно 435 извршители. Во моментов општина Тетово работи само со реализација на платите на работниците. Од друга страна, како што ден претходно најави градоначалникот на Тетово, долгот на граѓаните за данок на имот е околу 5 милиони евра, за што, Касами рече дека постои добра волја кај граѓаните да го платат данокот.

Advertisements

„Станува збор за буџет кој првично е утврден со законска рамка, што значи просечна реализација во последните три години. Просек кој во изминатиот период беше катастрофален. Во однос на наплатата на изворните приходи на општината, ова е буџет за нормално функционирање на секојдневните активности на општината и мал дел за капиталните инвестиции. Вчера имавме јавна расправа со граѓаните каде добивме многу предлози и ветивме дека ќе бидат вградени во првиот ребаланс што ќе се направи во текот на 2022 година кога сметаме дека ќе се подобри наплатата на буџетските приходи“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button