ВЕСТИСВЕТ

Советот за безбедност на ОН ја одби американската резолуција за прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) не ја прифати нацрт-резолуцијата за крај на конфликтот во Појасот Газа, што беше предложена од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Ројтерс.

На седницата на Советот на 21 март имаше 11 гласа за текстот на резолуцијата, три беа против и еден воздржан.

„Големо мнозинство од овој совет гласаше за оваа резолуција, но за жал Русија и Кина одлучија да го искористат своето вето“, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд пред Советот за безбедност.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензија, исто така говорејќи пред гласањето, ги повика членките да не гласаат за резолуцијата. Тој рече дека резолуцијата е „претерано политизирана“ и содржи ефективно зелено светло за Израел да спроведе воена операција во Рафах на јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од половина од неговите 2,3 милиони жители се засолнети во импровизирани шатори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button