ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот за безбедност предложи прогласување на кризна состојба во целата земја

Советот за безбедност и препорача на Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена. Според претседателот Стево Пендаровски, ова е направено со цел армијата да излезе како поддршка на полицијата и на државните органи во борбата против пандемијата. Пендаровски објасни дека кризната состојба не значи вонредна состојба или полициски час.

Advertisements

Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов нема потреба од полициски час.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека со искористување на капацитетите на приватните клиники, се очекува да се намали притисокот врз медицинскиот персонал. Начинот на плаќање на медицинските услуги во приватните клиники ќе се регулира со Законот за управување со кризи.

Во случај сите законски процедури за спроведување на кризната состојба да бидат завршени до утре, се очекува Владата да ја одобри препораката на Советот за безбедност на утрешната седница. На седницата на Владата треба да се наведе и коефициентот како приватните клиники ќе бидат компензирани за медицинските услуги. Законот за управување со кризи прецизира покривање на 30 проценти од износот на услугите според пазарна вредност, за персоналот и за пациентите од страна на Владата, додека останатите 70 проценти останува нејасно дали треба да бидат покриени од граѓаните или од Фондот за здравство. Законот им овозможува на граѓаните да се откажат од лекување во приватни клиники.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button