Советот за општи работи на ЕУ ја одобри Одлуката за макрофинансиска помош за земјава

Со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ на денешното заседание во Брисел ја одобри Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина.
За одлуката за исплаќање на макрофинасиската помош да биде конечно усвоена, таа треба да биде одобрена и од Советот на ЕУ, по што ќе стапи во сила откако ќе биде потпишана од претседателите на Европскиот парламент и на Советот и објавена во Службениот весник на Европската Унија. Предлог-одлуката, усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари годинава, претходно беше одобрена и од Европскиот парламент на 13 јуни, а минатата среда и од Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР).