СПОРТФУДБАЛ

Спалети: Победивме затоа што направивме многу работи правилнo

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, не е задоволен од изданието на „аѕурите“, и покрај победата од 2-1 над Албанија во првиот натпревар од ЕВРО 2024.

„Видов и добри нешта, но од нив нема корист ако не водат кон ништо. Имавме шанса неколкупати да го раниме противникот, но не го направивме тоа. Почнувавме напади, стигнувавме некаде и одеднаш повторно ја враќавме топката назад“, изјави Спалети.

 

„Во второто полувреме Албанија крена глава, а нашите напади не беа опасни. Кога тргнувавме во напад, стигнувавме до шеснаесетникот, но како да се чувствувавме премногу самоуверени и не ги довршувавме работите. Победивме затоа што направивме многу работи правилно, но имаше моменти во кои сакавме да постигнеме гол, а правевме глупави грешки“, истакна селекторот на европскиот првак.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button