ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски бара бизнисменот од Албанија да соработува во случајот против Буши

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го повикува „анонимниот бизнисмен“ од Албанија, кој тврди дека има компромитирачки материјали за заменик-министерот, Назим Буши, да ги објави и да соработува со органите на прогонот.

Advertisements

Медиуми во Албанија и Македонија објавија информација која, според нив, докажува дека постои група во која се вклучени високи структури на МВР, нагласувајќи го заменик-министерот Буши, а кои минирале акции против дрога на странски агенции, поточно на американската ДЕА. Изворот на овие медиуми е анонимен бизнисмен, кој според нив, поседува и прислушувани ауди-снимки, а има и комуникации меѓу него и лицето Трајче Заев, чиј возач беше фатен во акцијата на 10 април 2021 година кога полицијата уништи меѓународен канал и заплени марихуана вредна околу 800 илјади евра. Во таа акција беше уапсен и командирот на полицијата во Прилеп, Кире Спирковски.

Според тврдењата на медиумите, албанскиот бизнисмен ги пласира овие тврдења кон Буши во рамките на пресметка со него поради апсењето на еден негов братучед во акцијата на 19 декември 2020 година во Крушево. Тогаш полицијата заплени 60 килограми марихуана. Во неа, покрај 32-годишникот од Албанија, уапсени беа и 22-годишен државјанин на Косово и еден 22-годишен роднина на Буши. Вториот човек на полицијата сè уште не се изјасни за обвинувањата против него.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button