ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски и Демерџиев: Нема да се дозволи инцидент на 4 февруари

Нема да биде дозволен никаков инцидент на 4-ти февруари, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со бугарскиот колега Иван Демерџиев. Двајцата зборуваа за безбедноста на претстојното чествување на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје во сабота, откако присуство најавија повеќе бугарски организации, а на социјалните мрежи во земјава се прошири повик за блокада на патишта. Според Спасовски, одбележувањето ќе се случи во време на тензии.

Advertisements

„Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече Спасовски.

Бугарскиот министер Демерџиев рече дека ќе преземе мерки за бугарските државјани кои ќе пристигнат во земјава – да не го нарушуваат јавниот ред и да не провоцираат.

„Целта на настанот е да се оддаде почит на една видна историска личност како што е Гоце Делчев, а не тоа да стане терен на различни радикални и псевдо-национални појави“, рече Демерџиев.

Министрите зборувале и за случајот „Пендиков“. Спасовски кажа дека едно лице веќе е зад решетки, а истрагата ќе се прошири. Демерџиев повика да се работи на превенција и во иднина вакви случаи да не се повторуваат, додавајќи дека говорот на омраза не е патот кон Европа. Демерџиев во земјава дојде во присуство на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, кој претходно беше задржан на консултации во Софија.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button