ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Истрагата за убиството на Вања и Панче не може да ја водиме во медиумите, туку во Обвинителството

Истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не може да ја водиме во медиумите, таа мора да се води во Јавното обвинителство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во кои се бараа дополнителни информации за овие две убиства.

„Со поднесувањето на кривичните пријави целата истрага оди во Основното јавно обвинителство (ОЈО). Сите овие детали се разгледуваат во ОЈО на основа на прибраните податоци или на податоци кои ќе ги прибере Јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата заради тоа што не можеме да ја водиме во медиумите, таа мора да се води во Јавното обвинителство“, рече Спасовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button